Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.