Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени вчера на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.

Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија.

-Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.