Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство“.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно на член 26 став 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето.
На 31 јануари 2024 година во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.