Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.
Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село Ражаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи кои ги прилагодиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените, барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде сопреле со автомобилот, но набрзо биле откриени и фатени од полициски службеници – се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.