Напаѓачот на 62 годишната докторка од Инфективното одделение во охридската општа болница, сè уште не ѝ е достапен на полицијата.

Од СВР Охрид за Алсат велат дека се прибираат сознанија и оти работеле на идентификација на можниот сторител. Тој вчера најпрво вербално, а потоа и физички ја нападнал докторката, фаќајќи ја за врат бидејќи веќе не можел да чека на ред. Во меѓувреме, вработените на инфективниот оддел бараат од раководството на болницата, засилено обезбедување. Директорот на болницата вели дека ќе преземат дополнителни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.