Обвинителството чека кривични пријава од Министерството за внатрешни работи за вчерашниот упад во М-НАВ, каде биле нападнати неколку вработени.
Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од ОЈО.
МВР пак, трага по четири лица, инволвирани во случувањата во М-НАВ, како што посочија од таму, во наредниот период, полицијата континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.