Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат, пишува порталот „МКД.мк“.
На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.
Ова не е судство. Ова нема никаква врска со право и правда. Од Групчин наваму владеат други закони“, велат родителите на Петар Ѓурчиноски кои веќе две години бараат само праведна судска разврска на тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 декември 2019 година во 19,10 часот на влезот во Гостивар во која загина нивниот син полицаец, а уште еден беше тешко повреден.
Целиот текст тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.