Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – убиство.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот, на возраст од 46 години, лишил од живот едно лице, нанесувајќи му два убоди со нож во пределот на градите. Настанот се случил на 15 ноември лани, при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци.
Оштетениот се обидел да ги раздвои, меѓутоа, обвинетиот му нанел повреда – убоден канал во срцето, па оштетениот починал на пат кон болница.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.