Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик.
Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.
Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцости и погрдни зборови, а потоа зел секира со која почнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица., информира ЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.