Вчера околу 14,25 часот избувнал пожар на броило во куќа лоцирана на улица „Партизански Одреди“ во населба Раштански пат во Кичево.

По дојава дека на улица„ Партизански Одреди“ во населба Раштански пат, избувнал пожар на електрично борило во индивидуална станбена зграда, наша екипа со едно вoзило и четворица пожарникари се упати на местото на пожарот и по час и половина пожарот е целосно ликвидиран. Причините за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат а како можна причина секако е неисправната инсталација на објектот, истакна командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

Тој потсети дека во месец март вработените на Територијалната противпожарна единица во Кичево интеревенирале на дури 35 пожари, кои се појавиле на стрништа, оџаци, возила, електрични броила и друго.

Бројот на интервенции во март годинава е натпросечно висок ,бидејќи од последните неколку години само во 2019 година сме имале повеќе интервенции од годинава дури 97, рече командирот Соколески.

Тој упати апел до жителите на општина Кичево да бидат многу повнимателни каде палат оган, бидејќи превентивата е најголемиот дел од успехот и придонесува бројот на пожари да биде многу помал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.