Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.
Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.
Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, изјави Димоски.
Kaко што дознава „Република“, се работи за магацин лоциран во поранешната касарна „Михајло Апостолски„ составен од три простории кои биле полни со боева муниција, гранати како и хемиски средства и истиот е во сопственост на Полициската станица од општа надлежност Охрид при СВР Охрид.
Ракувач, односно магацинер во истиот е Игор Буџакоски и тој денеска треба да врши увид и попис што конкретно е украдено. Пред 4 дена полициски службеници од Гранична полиција забележале дека дел од оградата во близина на магацинот е исечена и истите напишале службена белешка за истото, пред два дена извршиле обиколка и се било во ред, додека вчера попладне случајно забележале дека е обиена главната врата од магацинот, вели неофицијалниот извор.
Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.