Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка.

Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.

Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.