Полицијата лишила од слобода четворица жители на радовишкото село Калаузлија затоа што агресивно се однесувале кон полицајците и ги спречувале да им одземат бесправно исечени огревни дрва. Како што соопштија од СВР Струмица, вчера во 23:30 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.М.(61), С.М.(29), Ј.С.(30) и Џ.Ј.(40), сите од село Калаузлија, откако во дворно место на Ш.М. во селото биле пронајдени огревните дрва.

Покрај приведените уште неколку други лица учествувале во настанот и тие физички ги нападнале полициските службеници, се додава во информацијата од овој сектор на МВР.

Одделението за внатрешни работи Радовиш презема мерки за утврдување на идентитетот на сите учесници во настанот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по членови од Кривичниот закон.

Пред неколку дена сличен инцидент имаше и во Струмица:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.