Ноќва во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.