Ноќеска во 00.15 часот на автопат Гостивар-Тетово, во близина на клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(35) од гостиварско Здуње и патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(26) од тетовско Каменјане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.Б. констатирани во Гостиварскиот ургентен центар. Додека, со телесни повреди се здобил возачот од возилото „поло“ констатирани во Клиничка Болница-Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.