Ноќеска десетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Седек Костовски“ во Гостивар, патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 22-годишниот М.О. од гостиварски Дуф излетало од коловозот.

Во несреќата, М.О се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.