Вчера во 12.40 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на патот Делчево – планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74), управувајќи мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди С.С. починал, а лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.