Рано утрово околу 1:15 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на излезот од Шуто Оризари кон село Визбегово, скопско, била фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали, сопственост на И.Т., 45-годишник од селото при што била оштетена влезната врата од објектот и дел од инвентарот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР – Скопје.
Посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера беше пријавена и шок-бомба:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.