На 15.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2024 во 00.10 часот на ул„Борка Лопач“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(22) и Н.С.(23), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети.

Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.