Нoќва во 01.50 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 27-годишната М.А. гостиварско Србиново.
Таа 20 минути пред тоа била забележана од полициските службеници како со остар предмет го напаѓа И.С.(46) од Гостивар, со кого претходно била во љубовна врска, по што се обидела и сама да се повреди, но И.С. ја спречил.
М.А. е задржана во полициска станица и по целоснодокументирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.