Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 декември) од 08.00 до 14.00 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани биле 1 возило со неисправни сопирачки, 1 со истечена регистрација, 5 со неизвршен вонреден технички преглед и 1 со недостиг на потребната опрема, сите на гостиварското подрачје. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, додека 2 од возилата веднаш биле исклучени од сообраќајот. Во рамките на вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-11).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.