Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Миладиновци, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (40) од Скопје, удрило во Р.А.(80) од с.Миладиновци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.