Независниот синдикат на полицијата бара МВР да исплаќа надомест за прекувремената работа, а исто така обвинува дека се вршат прераспределување без да се внимава на постапката. За зголемувањето на платите, велат дека е недоволно.

Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 судски постапки. Ова е така затоа што Министерството останало глуво со години на барањата на Независниот синдикат на полицијата, и понатаму не ја исплаќа хранарината за работата ноќе, не ја исплаќа минималната плата, прави погрешна пресметка во прекувремените часови, не уплаќа колективно здравствено осигурување што има обврска да го уплаќа…, изјави Мартин Ефремов на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата.

Според него, втор суштински проблем во МВР што повторно се провлекува е проблемот со распоредувањето и унапредувањето на кадрите во Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.