Адвокатот на Никола Груевски Горан Каркински на денешните завршни зборови истакна дека нема ништо незаконски во изградбата на партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ и хотелот кои започнал да го гради АД Бетон. Уште помалку, вели адвокатот, поранешниот премиер имал некаква улога во тоа или пак правел притисок. Според Каркински, сите одлуки биле донесени од партиските органи.

„Обвинителството не презентираше било каков доказ и сведок за било каква комуникација, било какво договарање помеѓу Никола Груевски, претставници на БЕТОН АД Скопје, кое би донело корист на партијата, на штета на фирмата или на државниот буџет, или некакви предвидувања за идна помош, како што не видовме ниту доказ и сведок за тоа дека и Кирил Божиновски го сторил тоа во комуникација со фирмата БЕТОН АД Скопје“, истакна Каркински.

Според адвокатот, најголем доказ за тоа дека во овој случај нема ништо незаконски е изјавата на сопственикот на АД Бетон Минчо Јорданов дека не се чуствува измамен и оштететен и оти верувал дека изградбата на хотелот ќе има профит за неговата компанија.

Јорданов немал никаква блискост со партијата, па затоа нема причина да нешто прикриваСопственикот на Бетон АД Скопје Минчо Јорданов беше сведок на овој процес и ако имало било што незаконско во овој процес или било каква злоупотреба тој би требало да е оштетен. Но, тој изјави дека не е оштетен и дека немало нешто нерегуларно и дека работел исклучиво на договор за кој имал проценка дека е во корист на неговата компанија, нагласи застапникот и укажа дека ако имало нешто незаконско тогаш Минчо Јорданов би требало да е обвинет, а не сведок.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.