Пожарникарите викендов изгаснале 20 пожари на отворено, а утрово нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во саботата имало шест, а вчера 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата. ЦУК соопшти дека вчера гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча.

Дел од пожарите биле во општините Велес, кај село Иванковци, Валандово, кај село Марвинци, Струмица, кај село Баница, Кичево, кај село Осломеј, Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“, Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп, Старо Нагоричане, кај истоименото село Старо Нагоричане, Штип, во месноста „Мирјанина Црква“.

Во Тетово имало два пожара, кај село Теарце, каде горела ниска вегетација и кај село Ратае. Во Општина Куманово имало четири пожари, кај селата Речица, Оризаре, Горно Коњаре и кај село Пчиња.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.