Непознат сторител ги пресекол бакарните цевки преку кои поминува медицинскиот гас до операционата сала на ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга. Настанот се случил на 17 март, а е пријавен на следниот ден во СВР Охрид од вработен во болницата.

„На 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки преку кои поминува медицинскиот гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот“, стои во билтенот на МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.