Адвокатот на Кирил Божиновски Светлана Савиќ на денешните завршни зборови за случајот Талир 2 истакна дека при изградбата на партиското седиште биле запазени сите законски процедури.
Не постои доказ дека Кирил Божиновски ја злоупотребил положбата. АД Бетон го дал на разгледување договорот со ВМРО-ДПМНЕ а Божиновски како Генерален секретар само го потпишал откако бил одобрен од телата на партијата – објасни Савиќ.
Тој не е творец на договорите туку само ги потпишал, објасни бранителката.
Не постои ниту еден доказ за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ против АД Бетон а тоа се виде и од прислушуваните разговори. Ниту има доказ и дека АД Бетон била приморана да склучи ваков договор – дополни Савиќ.
Сосема друга ситација ќе беше доколку АД Бетон поднесеше кривична пријава дека е оштетен со договорот. Исто така, твдри Савиќ, кај Божиновски не постои умисла за сторување на делото кое му се става на товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.