Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, за заштита од имотни деликти, поконкретно за превенција на тешки кражби од моторни возила, соопштија од скопската полиција.
Активноста беше спроведена на подрачјето на ПС ОН Карпош, поточно на Средно Водно. Во директни средби и разговори со граѓаните им беше укажано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како торби, лаптопи, ранци, паричници и сл., а секако и препораката да ги заклучуваат своите возила. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци, велат од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.