Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се здоби со скршеница на десната рака во тепачката пред два дена на скијачките патеки во Маврово.
Тепачка на 2 јануари во која учествувале четири лица од Косово и исто толку од Гостивар, настанала поради кавга за предимство за користење на ски лифт. Покрај Ѓуровски повредено е едно 18-годишно лице од Косово.
Имам скршеница на десната подлактицата. Успешно бев опериран вчера. Следува пауза од околу два месеца, за закрепнување. Тоа секако негативно ќе се одрази на мојата сезона. Но, ќе се трудам да се вратам што побрзо и да бидам уште поподготвен кога ќе се вратам. Не би сакал да коментирам поопширно, меѓутоа бевме нападнати, така да кажам, од заседа. Се качувавме по ски-лифтот и тие горе нè чекаа со извадени скии, подготвени, изјави Ѓуроски за Слободен печат.
Стојан Ѓуроски е член на Пелистер кој е лидер на табелата во Првата лига со максимални 12 победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.