Еден од уапсените вчера во близина на местото на грабежот на експозитурата на „Уни банка“ во трговскиот центар Беверли Хилсе припадник на таканаречениот Грчец клан, кому му било определена мерка куќен притвор за трговија со дрога, дознава „Телма“.

Станува збор за 32-годишен жител на општина Грчец, со иницијали  С.Б.. На потерницата која при неговото бегство пред акцијата „Планина“ МВР ги објави и неговите податоци и фотографијата.

Акцијата „Планина“ беше изведена лани во март, но шестмина осомничени како лидери на нарко-групата избегаа поради што обвинителката Вилма Русковска рече дека акцијата била пробиена од некого.

Меѓу избеганите беше и Бајрами, но во септември беше фатен и уапсен во Ѓорче Петров среде бел ден од припадници на интервентната полиција. Седум месеци подоцна, истиот Бајрами е фатен во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во Скопје веднаш по извршениот грабеж на банка. Првично беше соопштено дека е во домашен притвор.

Но во изминатите седум месеци, нешто повеќе од три месеци, Седат Бајрами признал вина, потврдуваат од скопскиот кривичен суд за телевизијата. Тогаш наместо притвор во Шутка, судот му определил мерка домашен притвор, на таа мерка се согласило и обвинителството, а скопска Апелација ја потврдила одлуката за домашен притвор за бегалец кој бил на меѓународна потерница.

Но, за делото за кое е осуден бегалецот кој успеал да ја пробие полициската акција Планина, стои поголема казна отколку што пресудил скопскиот кривичен суд, односно советот предводен од судијата Огнен Ставрев.

Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години., пишува во кривичниот Законик за членот по кој обвинетиот е осуден на казна пониска од минимално предвидените 5 години затвор.

Повеќе на Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.