Вчеравечер во 20 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.

Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.