Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекот за управни работи во Куманово, соопшти денеска полицијата. Нападот се случил вчера, кога четириесет и двегодишниот жител на кумановското село Табановце Н.П. го нападнал вработениот во просториите на отсекот за управни работи – Куманово.
Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.
Претходната недела СВР Куманово информираше дека Одделението за управни работи – Куманово од почетокот на годинава издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи.
Одделението работи со четири кабини за фотографирање и работи во две смени, од 7:30 до 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.