Четириесет и петгодишен битолчанец пред два дена завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба, потврди директорот на болницата, доктор Ридван Бајрами во изјава за „Фокус“.
Според првичните информации, пациентот тврдел дека во кафуле во Битола побарал кисела вода и се отрул откако се напил само една голтка.
Вели „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода, објаснува доктор Бајрами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.