Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и против С.Ш.(41) од с.Блаце, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед. Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.