На Граничниот премин „Меѓународен аеродром” – Скопје, вчера биле фатени двајца индиски државјани – Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), кои се обиделе да влезат во земјва со кипарските дозволи за престој, кои биле фалсификувани, информира МВР во дневниот билтен.

По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор во кој изјавиле дека дозволите ги купиле од лице во Турција за сума од 1.900 евра. Двете лица биле приведени од полициски службеници и по насока од Јавен обвинител биле пренесени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка, информриа МВР.

Исто така на Граничниот премин „Меѓународен aеродром” – Скопје, денеска рано изутрината околу 03.00 часот на на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани.

При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните вистински податоци. Со неа бил извршен службен разговор во кој изјавила дека словенечките патни исправи ги купила од едно лице во Косово за сума од 10.000 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, таа била лишена од слобода и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка, информира МВР во билтенот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.