Вчеравечер во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот.

По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.