Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР информира дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.