Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.
Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.
Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, информираат од Министерството.
Додаваат дека случајот ќе биде расчистен во најкус рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.