На 06.09.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ и ул.“Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ.Ш.(36) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(20), двајцата од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.