Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(30) од с.Прдејци, гевгелиско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.А.(60) од Гевгелија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.