Момчиња од неготинско се снимале додека силувале малолетничка, а потоа ја уценувале со видео материјалот.

Деветнаесетгодишник ја уценувал со видео материјалот, а случајот е пријавен во полиција. Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека синоќа во 21:00 часот во ОВР Неготино, 41-годишна жена од неготинско село пријавила дека на почетокот на мај во Неготино, двајца малолетници извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот го снимал трет малолетник од Неготино, по што К.П.(19) од неготинско ја уценувал со снимениот видео материјал.

„Во 23:30 часот, К.П. бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон. Мобилни телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Ѓаковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.