Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 1 октомври, околу 18:00 часот ги лишиле од слобода се Е.Д. (23) и Џ.И. (22), женско лице, двајцата од Скопје, затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.

Како што информира МВР, по извршениот претрес кај пријавените е пронајден нож и пари.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.