Полицијата информира дека вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон Скопје, во атар на с. Ласкарци, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.