ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат – инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.