Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.
„Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда.
Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.