Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција”, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот.
Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.