Меѓусебни недоразбирања, а не политиката била причината за тепачката во Охрид во која Христијан Пендиков (21) од Охрид, кој е член на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, синоќа бил претепан од три лица.

Според МВР инцидентот се случил пред угостителски објект на кеј „Македонија“, а приведени се охриѓаните С.К., С.К. и И.С. Се работи за пресметка поради меѓусебни недоразбирања.

Пендиков добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, Христијан Пендиков е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“.

Иако од МВР велат дека станува збор за меѓусебни недоразбирања кои не се од сега, во Бугарија настанот веќе доби политичка конотација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.