За инцидентот којшто утрово се случил на Клиниката за кардиохирургија е запознаен и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Оваа вест штотуку ја потврдија од ресорното министерство преку соопштение испратено до медиумите.

„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, велат од ресорното министерство.

Утрово вработен на Клиниката за кардиохирургија, прво вербално нападнал медицинска сестра, потоа го истепал актуелниот директор, па на крај сам се пријавил во полициската станица во Центар.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.