Na 28.08, околу 10:30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото.
Од здобиените повреди З.М. починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
Телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.