Полициски службеници од Полициското одделение Петровец, вчера во 14:20 часот во село Бунарџик, општина Илинден, го лишиле од слобода С.М.(64) од село Бунарџик.

Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека околу 10:30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во село Бардовци, скопско.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.